Начинот на кој комуницираме со компјутерите се развива постојано. Додека лаптопите остануваат популарно решение за многумина, реалноста е дека десктоп компјутерите нудат бројни предности во однос на нив.
Не сте убедени? Разгледајте ги овие осум причини зошто десктоп компјутер, а не лаптоп.
Батерија
Постојат многу опции за компоненти достапни за десктоп компјутерите, овозможувајќи голем опсег на цени, но почетната точка е релативно евтина. Десктоп компјутерите можат да започнат од само 12.000 денари, а сепак да бидат прилично моќен систем.
Готов или склопен
Ако сакате да заштедите на пари, купете веќе готов десктоп компјутер. Доколку решите сами да го склопувате, ќе ве чини поскапо. Веќе готовите десктоп компјутери имаат инстален оперативен систем што значи дека можете да го вклучите компјутер и веднаш да почнете да го користите.
Процесор
Процесорите во десктоп компјутерите се поголеми што значи дека се и помоќни. Десктоп компјутерите можат да работат на најновите, напредни процесори на пазарот.
Внатрешна меморија
За разлика од лаптопите, десктоп компјутерите може да имаат повеќе хард дискови за складирање или SSD или комбинација на двете.
Големина на екран
За десктоп компјутерите потребен ви е посебен монитор. Мониторите можат да бидат најразлична големина, од 17-инчи до телевизор. Друга предност е што можете да приклучите повеќе од еден монитор.
Надградба
Сите компоненти во десктоп компјутерите се отстрануваат и лесно можат да се заменат со други. Компонентите се поголеми, обезбедувајќи повеќе простор за додавање и отстранување хардвер, употреба на алатки и организирање кабли.
Гејминг
Десктоп компјутерите се способни да користат графички картици со голема моќност. Има голем избор на графички картици а може да се поврзат и повеќе од една. Графичките картици нудат одлични перформанси за гејмерите.
Поправка
Поправка на десктоп компјутер е генерално полесно затоа што поголемиот дел од хардверот може да се купи во било која продавница за компјутери. Куќиштето на десктоп компјутерот е многу поголемо и полесно за работа отколку лаптопот.
На крајот, конечната одлука зависи од тоа кои се вашите потреби. Иако горенаведените точки укажуваат на десктоп компјутерите како најдобра опција, ако барате преносливост, тогаш најдобрата опција е лаптоп.
Меѓутоа, ако сакате одлични перформанси за парите и преносливоста не ви значи ништо, десктоп компјутерите се најдобриот избор. Тие се оптималниот избор за сите гејмери, оние кои работат со CAD апликации, обработка на фотографии и видео и оние кои претпочитаат да имаат можност за полесно надградување.