Услови за испорака

За секоја направена нарачка со испорака вон Скопје и нарачка со вкупна вредност од 6000,00 денари се плаќа износ од 100 ден. до 350 ден во зависност од локацијата за испорака.
Доколку износот на нарачката е поголем од 6000,00 денари во тој случај испораката на територија на град Скопје е бесплатна, додека вон Скопје важат гореспоменатите цени.
Цената е еднократна независно дали нарачката вклучува еден или повеќе производи.    

Испорака во Скопје:
– Сите нарачки направени до 12 часот се испорачуваат во текот на истиот ден најдоцна следниот ден.
– Сите нарачки направени после 12 часот се испорачуваат во текот на следниот ден.

Испорака низ Македонија:
– Сите нарачки се испорачуваат во период од 1 до 3 работни дена.

Пратките се доставуваат до влезот на од наведената адреса. 
Во недела и празниците доставната служба не испорачува.

Подигање на опрема лично:
Доколку сакате постои опција опремата да се подигне лично.
Нашиот централен магацин работи од 09.00 часот до 17.00 часот секој ден освен Сабота и Недела.
Пред да дојдете да ја подигнете нарачката ве молам да не контактирате на телефонскиот број 02/322 30 80 или 075/300-182 за да добиете потврда дека вашата нарачка е спремна.

Други информации околу испораката
Производите се секогаш безбедно спакувани, така што при транспортот немаат можност да бидат оштететни. Нарачателот е должен при приемот на пратката детално да ја провери и да воочи дали има некакви видливи оштетувања. Доколку се увидат било какви оштетувања и недостатоци веднаш да се пријави на лицето кое ја доставува пратката.

Сите пратки се осигурани од губење и оштетување при испорака до секоја адреса. При превземањето на пратката нарачателот е должен да ја потпише и испратницата од доставувачот и да задржи еден од примероците за себе како потврда за превземањето.

За сите други информации контактирајте не на телефонскиот број 02 322 30 80 или преку email: [email protected]

Доколку ви се потребни информации за статусот на пратката и терминот за нејзиното доставување, можете да не контактирате на 02/322 30 80.