Изборот на најдобри Bluetooth слушалки за вашиот буџет може да изгледа тешко со толку многу достапни избори. Без разлика дали ќе ги користите додека трчате, играте игри, зборувате на телефон, работите со обработка на видео, овој водич за купување Bluetooh слушалки содржи информации за различните видови на слушалки, како и нивните предности и недостатоци.
In-ear Bluetooth слушалки
In-ear слушалките се оние што влегуваат во внатрешноста на вашето уво. Производителите ги нарекуваат вистински безжични слушалки бидејќи нема кабел што ги поврзува левата и десната слушалка.
Компактни и лесни, овие слушалки се идеални за слушање музика или поткасти додека вежбате. Обично доаѓаат со USB и на тој начин се полнат. Благодарение на силинконските облоги, звукот од околината скоро и да не го слушате.
Over-ear Bluetooth слушалки
Over-ear слушалките се оние што целосно ги покриваат ушите на слушателот. Поради нивната големина и подобра изолација на звукот, овие слушалки се одлични за употреба додека сте дома. Обезбедуваат максимална гласност и нивоа на бас.
Слушалките креираат еден вид на музичка сцена за слушателот благодарение на задржување на звукот во слушалките со што надворешните звуци не се слушаат. Ова го подобрува корисничкото искуство за слушање со помала јачина на звукот, како гледање телевизија или телефонски повик. Најчесто ги користат гејмерите или музичарите за следење на вокали или инструменти.
On-ear Bluetooth слушалки
On-ear слушалките се оние што лежат на увото на слушателот, а не го покриваат целосно, така што нивото на изолација на бучавата варира во голема мера. Овој тип на слушалки се популарни во канцелариското работење и центрите за повици, каде слушателите сè уште сакаат да слушнат некои звуци од надворешниот свет.
On-ear слушалките се златна средина помеѓу преносливоста на in-ear и квалитетот на звукот на over-ear. Многу модели имаат таков дизајн што слушалките се преклопуваат за полесно складирање.
Што да земете предвид при вашиот избор?
On-ear слушалките се оние што лежат на увото на слушателот, а не го покриваат целосно, така што нивото на изолација на бучавата варира во голема мера. Овој тип на слушалки се популарни во канцелариското работење и центрите за повици, каде слушателите сè уште сакаат да слушнат некои звуци од надворешниот свет.
Микрофон
Слушалките не ги користиме само за слушање. Ги користиме и за играње игри, телефонски повици, разговор со виртуелни асистенти, што го прави микрофонот важен дел од дизајнот.
Повеќето слушалки имаат микрофон прикачен на левата слушалка, кој се поставува пред устата за максимална јасност. Слушалките од висока класа обично имаат вградени четири или повеќе микрофони за да обезбедат максимална јасност на гласот, како и функционалности за изолација на надворешната бучава.
Изолација на бучава
Функциите за изолација на бучавата се одлични ако сакате да го блокирате целиот свет и да се фокусирате на вашето аудио. Квалитетот и сет на одлики на механизми за изолација на бучавата тесно ја одредуваат цената за добар сет на Bluetooth слушалки.
Пасивната изолација на бучавата е фенси фраза за она што го прават чепчињата за уши. Секој сет на слушалки има пасивна изолација на бучавата ако тие добро ги покриваат вашите уши. Активната (прилагодлива) изолација на бучавата вклучува повеќе технички спецификации на слушалките. Со користењето на ситни микрофони во внатрешноста на слушалките се изолира несаканиот шум.
Квалитет на звук и драјвери
Драјверот е оставен од магнет, гласовни калеми и дијафрагма што вибрира за да создаде звук. Големината на драјверот се движи од 8 mm до 15 mm за in-ear слушаките; 20мм до 50мм за over-ear и on-ear слушалките. Поголемите драјвери имаат тенденција да произведуваат подобар бас и поголем излез. Тоа не значи дека малите драјвери имаат слаб звук; постојат и други фактори што влијаат на квалитетот на звукот повеќе од големината на драјверот.
Квалитет на градба
Истрајноста е важен фактор при купување на Bluetooth слушалки. Постојано користиме слушалки, и ако ги носите од едно место на друго со вас, купувањето на поскапи слушалки обично ќе ви заштеди пари на подолг рок. Поскапите слушалки обично имаат поквалитетна градба метални делчиња на вообичаените точки на кршење што лесно можат да се заменат.
Отпорност на пот
Bluetooth слушалки се најчесто отпорни на пот, бидејќи се дизајнирани за употреба за време на тренинг. Повеќето поевтини слушалки имаат рејтинг IPX4, што значи дека се отпорни на млаз вода со низок притисок.
Траење на батеријата
Ако ги носите вашите Bluetooth каде и да сте, траењето на батеријата е важен фактор. Повеќето Bluetooth слушалки имаат батерија која трае помеѓу пет и осум часа. Единечните слушалки и over-ear имаат батерија што трае 25 часа или подолго.